ЈОУ БИБЛИОТЕКА ИСКРА – НАЈАВА НА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКА ЗБИРКА „МЕТРИЧКИ КАРВАН“

јули 12, 2023
1 минути

Во склоп на програмата на Општина Кочани, по повод Петровден, 13.07.2023 година (четврток), во 19 часот во Мултикултурниот центар (големата сала, приземје), ќе биде промовирано 10-то јубилејно издание ,поетската збирка „Метрички карван“ во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија.

Станува збор за збирка поезија во која секоја година земаат учество гевгелиските автори со автори од различен град во Македонија. Во горенаведеното 10 – издание ќе бидат застапени кочански, роднокрајни автори со нивни нови, необјавени стихови.

Промотор ќе биде доц.д-р Ана Витанова Рингачева, модератор м-р Доне Донев а за делото ќе говорат уредниците Стефан Марковски, Васил Тоциновски и Славчо ковиловски.

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ