ЈУНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 33 КРВНИ ЕДИНИЦИ

јуни 26, 2025
1 минути

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина  и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јунска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 33 крводарители.


Акцијата е 10 што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.


Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ