ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ, СООПШТЕНИЕ

март 4, 2025
1 минути

Почитувани сограѓани, сакаме да ве известиме дека од 06.03.2025 година во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, започнуваат прегледи од специјалист по физикална, во попладневните часови односно втора смена. Како и до сега, прегледите треба да се закажуваат преку мој термин преку матичните лекари.

Со ова уште еднаш докажуваме дека секогаш излегуваме во пресрет на нашите граѓани и оние кои што работат само прва смена.

Секогаш во служба на граѓаните.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ