ЗАБАВАТА, НАСМЕВКИТЕ И ДРУЖЕЊЕТО Е ПОБЕДНИКОТ НА НАТПРЕВАРОТ „УЧЕНИЦИ – ПРОФЕСОРИ“.

мај 19, 2022
1 минути

Во организација на Младинската организација „Единство“ и Интеракт Клуб Кочани-Виница во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа традиционалниот забавен натпревар „Ученици – Професори“.

Организаторите се погрижија да има забава за секого, освен кошаркарскиот натпревар „Ученици – Професори“ беше организирано и соборување со рака во машка и женска конкуренција, а да забавата биде комплетна за музичкиот дел се погрижија „Street Dance Urban Crew“  и диџеј „Purge“.

На крајот сите учесници на забавата добија комплет производи од Компанијата „Винчини“ од Виница. Иван Златков како победник во соборување со рака во машка конкуренција доби ваучер од „Спортисимо“ а победникот во женска конкуренција Василија Христиќ доби ваучер од Парфимерија „99“.

За најдобар играч на натпреварот беше прогласен професор Борче Апостолов, а за најдобар потег, потегот на Филип Димитријев за што и двајцата добија ваучери од „Рапсоди Травел“.

Собраните парични средства од влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Организаторите на оваа прекрасна забава искажаа голема благодарност до сите оние кои допринесоа навистина сите пријатно да се чувствуваат:  „Винчини“, „Алфа Саунд“, „Евина“,  „Пронто Принт“, „Спортисимо“, „Рики Јуниор“, Парфимерија 99, „Рапсоди Травел“, „Авизо Продукција“, диџеј „Пургер“,„Street Dance Urban Crew“ како и до Стојан Рашков за направените фотографии.

С. Ивановски