ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ ЗА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2023“

јули 27, 2023
1 минути

По повод одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ од 29 септември до 01 октомври, оваа година како дел од богатата програмска содржина ќе се организира и Празнично дефиле.

За таа цел, Општина Кочани упатува ПОВИК до сите јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и сите останати заинтересирани да земат учество во дефилето и да се претстават пред домашната публика и гостите од странство, дефилирајќи низ кочанските улици со организирана програма, односно со тргнување од училишниот двор на ОУ „Никола Карев“ низ улицата „Маршал Тито“ до големиот мост кај Трговскиот центар, и назад сѐ до Градскиот парк.

Рок за пријавување: 21 август 2023 година

Информации и пријавување:

info@kocani.gov.mk

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ