Како увертира на натпреварот од 29-тото коло во Втората Фудбалска Лига, „Осогово“ – „Брегалница“ се одржа мала свеченост по повод 30 години од освојувањето на Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија.
Дел од играчите кои беа дел од таа генерација добија признанија и дрес од Фудбалскиот Клуб „Осогово“ на кој на предниот дел беше сликата со освоениот пехар на тогаш „Градскиот стадион“ во Скопје, а на позадината стоеше името на играчот.
Оние играчи кои беа дел од тој тим а од оправдани причини не беа на настанот дополнително при прва прилика ќе им бидат доделени признанијата и дресовите.

И до овде приказната е во ред. Но еден сегмент ги остави во чудо сите играчи кога изразија желба на заедничката фотографија да биде и освоениот пехар. За жал од пехарот ниту трага ниту глас.
Каде е победничкиот пехар од Младинскиот Куп на Македонија е прашањето што сега се поставува. Пехарот долги години стоеше на почесно место во витрините на клубот, во канцеларијата која се заклучува па навистина чуди каде исчезна или кој си го присвои.
Се молат оние граѓани или спортисти и навивачи да доколку имаат некаква информација за исчезнатиот пехар да стапат во контакт со луѓето од клубот, бидејќи тој пехар е дел од историјата на „Осогово“ која трае веќе 102 години.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
