ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ЖФК „ЉУБОТЕН“ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН

Во Спорт
декември 4, 2022
1 минути

Се одиграа четири натпревари од 11-тото коло во Прва Фудбалска Лига – за жени со кое требаше да заврши есенскиот дел на сезоната. Но до конечното спуштање на завесата ќе треба да се почека уште некој ден бидејќи денешниот натпревар „СЦ Истатов“ – „Скопје 2014“ кој беше закажан на теренот на „Цементарница“ не се одигра. Имено теренот на „Цементарница“ повеќе личел на нива ораница отколку на терен за одигрување на еден фудбалски натпревар.

Девојките од Кочани продолжуваат со тешките порази, овој пат со единаесет голови во мрежата се враќаат од Струмица.

Дерби на колото кое требаше да го даде есенскиот шампион се одигра во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ и „Љуботен“ ги поделија бодовите.

„Речица“ ја забележа својата прва годинешна победа како гостин во Велес а и гостинките од Прилеп со три бода се враќаат од натпреварот против „Шкендија“.

Резултати од 11-тото коло:

„Тиверија“ – „Кочани“ 11:1

„Каменица Саса“ – „Љуботен“ 1:1

„Шкендија“ – „Деспина“  1:4

„Борец“ – „Речица“  0:1

„СЦ Истатов“ – „Скопје 2014“ не е одигран

Слободна во ова коло беше екипата на !Ас Јунајтед“.

С.  Ивановски