ВО НАТПРЕВАР НА ВТРОЛИГАШИТЕ „ОСОГОВО“ ПОУСПЕШНО ОД „ДЕТОНИТ ЈУНИОР“

Во Спорт
февруари 5, 2022
0 минути

Играчите на „Осогово“ ја забележаа првата победа во натпреварите како дел од зимските подготовки. Тие денес во Кочани по сончево но мошне студено време ја совладаа екипата на „Детонит јуниор“ со 2.1 (0:0).

Во првото полувреме премрзнатите гледачи речиси и да не видоа некоја посериозна шанса за гол додека во второто имаше и по некоја шанса но и три погодока.

Резултатот го открија домаќините со голот на Лика, кој во соло пробив успеа да излезе сам пред противничкиот голман и без тешкотии да ја уфрли топката во мрежата. Гостите израмнија преку Ефремовски чиј удар по земја не беше на дофат на домашниот голман а победоносниот погодок за „жетварите“ е дело на Дојчинов, кој по центрираната топка успеа со глава да бие во небранетиот дел од мрежата на гостите.

Се на се натпревар во кој и двајцата тренери ги испробаа сите расположливи играчи и добија една појасна слика за сработеното во овие подготовки.

С. Ивановски