Кафе Де Анатолиа (Cafe De Anatolia) е македонска продукциска куќа и агенција за менаџирање на артисти основана 2017 во Виница, од страна на Моника Илиева (Monika Ilieva), Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth) и Зоран Илиев (Billy Esteban). Во само 3 години од своето постоење Cafe De Anatolia станува пионер во органик хаус (organic house), електроника, и етник дип хаус (ethnic deephouse) музиката растејќи од ден на ден брзо и е моментално првата македонска а и европска музичка издавачка куќа која има над 1 милјарда гледаност вкупно, над 1.5 милион претплатници на Јутуб (Youtube), над 10 Јуутјуб канали и која има добиено шест Сребрени Јујтјуб (Youtube Silver Creator Awards) награди за шест од нивните канали (за над 100 илјади претплатници).
Cafe De Anatolia секојдневно гради бизнис соработки со светски брендови како Џорџио Армани (Giorgio Armani) (музиката беше дел од плејлистата на последната Летно/Пролетна Армани Колекција 2021), ГоТурки (GoTurkey) (дел од рекламната кампања), Радисон Блу Хотелите (Radisson Blu), Буда Бар (Buddha Bar), Кафе Дел Мар (Cafe del Mar) и многу други а нивната музика е препознатлива во многу држави за што доказ се многубројните коментари од луѓе од целиот свет.
Светските магазини како Инфлуенсиве (Influencive), Медиум (Medium), Вентс Магазин (Vents Magazine) и многу други ја позиционираат Cafe De Anatolia како една од основоположниците на органик дип хаус, органик хаус и етно дип хаус како нови жанрови на светската музичка сцена поагајќи од фактот дека Cafe De Anatolia има веќе под своја закрила над 300 артисти од над 150 држави ширум светот кои издаваат еклузивно под неа. Благодарејќи на новиот жанр музика кој оваа продукциска куќа го негува и создава, уметниците под нивна закрила имат настапувано и настапуваат ширум светот, вклучувајќи ги државите како Тунис, Мароко, Саудиска Арабија, Грција, Италија, Австрија, Романија, Русија, Србија, Македонија и многу други.
Денес под закрила на Cafe De Anatolia издаваат две продукциски куќи, тоа се: Zoromoni и Aodion Records. Zoromoni e издавачка куќа која исклучиво издава Lounge Chill-Out компилации, додека Aodion Records се занимава со издавање на албуми и песни од други жанрови, како тек-хаус, синт-поп, електронска, инди-алтернатива, инди-поп.