КАКО ДА ЈА ПОДЗАБОРАВИВМЕ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА МАЛА РЕКА

март 28, 2022
0 min read

Очите на екологистите и на Кочанската јавност моментно се свртени кон најголемиот загадувач на воздухот и водата „Пејпар мил“ за што сведочи и веќе закажаната Јавна трибина за во Четврток (30 март).

Тоа си е во ред, сите очи и мисли се насочени кон „Пејпар Мил“ но како да ја подзаборавивме желбата на некого за изградба на хидроцентралата на Мала Река која се влева во Браната „Гратче“.

Деновиве од радозналост го посетивме местото каде некои сакаат да градат мала хидроцентрала и едноставно во овој период од годината бевме воодушевени од природните убавини на и околу Мала Река.

Иако ништо засега не е започнато (се надеваме дека нема и да започне) сепак стравот дека нешто ќе се случува е посилен од се.

Зарем кочанчани ќе дозволат повторно да бидат изиграни, зарем некому ќе му се дозволи доколку до такво нешто дојде да ја уништи таа природна убавини, да ја уништи флората и фауната во Мала Река и во Браната „Гратче“.

Искрено се надеваме дека сега кога се во прашање ваквите изградби на објекти кои ја нарушуваат природата, й народот е сплотен и е посилен од сé.

Но да бидеме на штрек, да не се олабавуваме кога е во прашање овој проект, за кој сепак искрено се надеваме дека нема да се реализира.

С. Ивановски