СПАСУВАЧКИ ТИМ ОД САЕ ТИГАР И ХЕЛИКОПТЕРСКАТА ЕДИНИЦА НА МВР СПАСИ ПОВРЕДЕН ПЛАНИНАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

октомври 7, 2023
0 минути

Денеска (07.10.2023) околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.

Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош.

Соопштение  на  МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ