ДРАМАТА ВО СКОПЈЕ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“

Во Спорт
март 28, 2022
1 минути

Во последното коло од регуларниот дел на првенството во Трета Кошаркарска Лига – Исток, во еден драматичен и крајно неизвесен натпревар кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ успеаја да го совладаат „Вардар“ во Скопје 85:79 дури во продолжението откако во регуларниот дел натпреварот заврши 72:72.

Првите две четвртини им припаднаа на домаќините кои на полувреме заминаа со 9 поени разлика 38:29 (18:13; 20:16) но во продолжението квалитетот на кочанчани дојде до полн израз. Иако кога се кршеше резултатот и некои судиски одлуки беа во полза за домаќините сепак „жетварите“ ги добија двете последни четвртини со 9 кошеви разлика и со егал резултат се влезе во продолжението каде „Баскет Дино Деликатес“ благодарение на одличната игра на Илиев кој постигна 9 поени успеа да стигне до победа.

Кошевите за „Баскет Дино Деликатес“ ги постигнаа: Илиев 29, Лазарев 15, Крстов 12, Ѕмбов 11, Ивановски и Крушарев по 8 и Коцев 2.

 

ПОРАЗ  ВО  ПРВОТО  КОЛО  ОД  ДОИГУВАЊЕТО  ЗА  „БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  ВО М-18  ЛИГАТА

Во првиот натпревар од доигрувањето во М-18 Кошаркарската Лига, „Баскет Дино Деликатес“ како домаќин сосема заслужено загуби од екипата на „Еуроникел 2009“ (Кавадарци) 81:86 (22:27; 19:20; 22:21; 18:18).

Во сите четвртини се водеше изедначена борба во која гостите во последната влегоа со 5 поени разлика, но „кочанчани“ во последниот квартал успеаја не само да го изедначат резултатот туку во финишот да дојдат до позитива од 4 поени разлика. Сепак кога се одлучуваше победникот „жетварите“ понесени од желбата да дојдат до првата победа во доигрувањето направија неколку грешки и гостите со серија од 9:0 успеаја со победа да заминат дома.

Кај „Баскет Дино Деликатес“ најефикасен беше Лазарев со 38 кошеви а по него следуваат: Ивановски 15, Томевски 13, Коцев и Карајанков по 4, Богатинов 3, Ѕмбов и Крстов по 2.

С. Ивановски