Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица – Кочани денес ја продолжи кампањата за безбедност во сообраќајот, во знакот на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
Сообраќајната патрола делеше информативни летоци со пораки за внимателно и безбедно движење и управување на возилата, а во чест на празникот, жените учеснички во сообраќајот добиваа цвет.
Кампањата за внимателно и безбедно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи ќе продолжи и во наредниот период.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ