КАРАТЕ ТУРНИР „ТЕТОВО ОПЕН 2024“, 11 МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КОЧАНИ

Во Спорт
септември 22, 2024
1 минути

Во организација на Карате Клуб „Фати“ од Тетово а со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија денес во Тетово се одржа карате турнирот „Тетово Опен 2024“. Каратистите на Кочани учествуваа со осум натпреварувачи и освоија 11 медали од кои 3 златни, 5 сребрени и 3 бронзени.

– Алексеј Ристов 2016 -30кг. 1 место

– Алексеј Ристов 2015 -30кг. 1 место

– Катерина Стојановска 2013 +44 2 место

– Илина Костадинова 2013 -44кг. 2 место

– Илина Костадинова 2012 -45кг. 2 место

– Душанка Ристова 2012 -40кг. 2 место

– Душанка Ристова 2012 -45кг. 3 место

– Томислав Ристов 2012 -37кг. 3 место

– Томислав Ристов 2012 -42кг. 3 место

– Наталија Карова сениори -50кг. 1 место

– Илија Охомуш сениори -75кг. 2 место

Лука Златков 2012 -52кг. изгуби со дисквалификација и го освои 5 место

„Започна жетвата на медали пред жетвата на оризот! Новата сала дава одлични резултати! На денешениот меѓународен турнир Тетово Опен 2024 нашиот клуб настапи со 8 натпреварувачи од кои некои во две категории. Освоивме вкупно 11 медали што како тренер ме радува. Единствено немавме среќа со настапот на Лука Златков па да биде се конмплетно. Но како победите така и поразисте се составен дел на спортот. Одиме понатака“ беа зборовите на Игор Каров – тренер на Карате Клуб „Кочани“.

На годинешниот турнир настапија 41 клуб од Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, со вкупно 342 натпреварувачи.

На овој турнир за секое освоено прво место следуваше и плакета од организаторот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ