Изминатиот викенд стартуваа натпреварите во Детската Регионална Фудбалска Лига. Се одигра првото коло за генерација 2010/2011 (петлиња).
Екипата на „Фудбал Старс“ од Кочани со победа го отвори првенството. Тие како домаќини ја совладаа екипата на „Победа“ од Валандово со 4:2. Предводени од разиграниот и ефикасен Филип Митев кој постигна два погодока успеаја да совладаат една жилава и организирана екипа. Преостанатите погодоци за домаќините се дело на Никола Димитров (пенал) и Тихомир Велков.
Резултати од 01. коло:
Фудбал Старс – Победа (Валандово) 4:2
Атлетико – Беласица 1:6
Јанг Боис – Брегалница 0:0
Овче Поле – Тополка 1:1
Рудар (Пробиштип) – Брера Струмица АД 3:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ