Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 19 април 2026 година, по петти пат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“, во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.
Според информациите на Шаховскиот клуб „Кочани“ досега се пријавени дваесетина натпреварувачи. Заинтересираните учесници можат да се пријават и во текот на утрешниот ден (сабота), кај Владо Мицов, на телефонскиот број 078 665 846.
Турнирот ќе се одржи во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“, во Трговскиот центар, блок А, влез 1, со почеток од 11:00 часот.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
