КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ ДВА ОД ДВА

Во Спорт
октомври 8, 2022
0 минути

Во организација на Карате федерацијата на Северна Македонија и Карате Клуб „Металург“, денес се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Никола Грддановски – Нике“.

Каратистите на „Кочани“  учествуваа со двајца натпреварувачи и освоија две медали, од кои еден златен и еден бронзен.

Наталија Карова во категоријата „јуниорки“ до 48 килограми го освои златниот медал, додека Лука Ѓорѓиев во категоријата родени 2009 година до 45 килограми стигна до бронзата.

Добар настап и добар резултат постигнаа овие млади спортисти и покажаа дека континуитетот на освојување медали не е случаен.

С. Ивановски