ЏК „ГЛАДИЈАТОР“ СО ДЕВЕТ ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ДЕЦА И ПИОНЕРИ

Во Спорт
мај 9, 2022
1 минути

Во организација на Џуди Федерацијата на Северна Македонија во неделата Кавадарци беше домаќин на „Државно првенство за деца и пионери“.

Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани на првенството учествуваше со 11 натпреварувачи кои на крајот освоија 9 медали.

Првото место го освоија Матео Станоев и Габриел Станоев, второпласиран е Томислав Ристов, додека на третото место  на пиедесталот се искачија Марко Максимов, Милан Станоев, Ефтим Атанасов, Андреја Стојанова, Наталија Лазарова и Дамјан Митев

Без медал останаа Лукас Георгиев и Петар Новков.

С. Ивановски