КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ СО 10 МЕДАЛИ НА „ФУНАКОШИ ГИЧИН 2025“

Во Спорт
февруари 23, 2025
0 минути

Во организација на Карате федерацијата на Македонија и на Карате Клуб „Фунакоши Гичин“, во саботата во Скопје се одржа  Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин – 2025“.

Каратистите од Карате Клуб „Кочани“  имаа мошне добро отворање во новата сезона, бидејќи на турнирот освоија 10 медали од кои: 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

Златни медали:

Томислав Ристов освои два златни медала во конкуренциите, „помлади кадети“ до 45 килограми и „помлади кадети“ до 48 килограми, Лука Златков во категорија „помлади кадети“ до 52 килограми и Алексеј Ристов во категоријата „ученици“ до 34 килограми.

Сребрени медали:

Магдалена Николова во категорија „помлади кадети“ +55 килограми и Лука Ѓоргиев во категорија „кадети“ до 63 килограми.

Бронзени медали:

Петар Стаменков – кати, родени 2017 и помлади, Душанка Ристова во категоријата „помлади кадети“ до 45 килограми и во карерија „кадети“ до 47 килограми, како и Лука Златков во категорија „помлади кадети“ до 57 килограми.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ