ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПРВ ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
октомври 14, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки го доживеаја првиот пораз, „Победа Валандово 16“ стигна до првата победа а екипата на „Атлетико“ и после ова коло останува единствената екипа без ниту еден примен гол.

Во Кочани интересен натпревар одиграа две од трите непоразени екипи. Во мошне интересен натпревар екипата на „Вардар“ дојде до победа а кочанчанки го доживеаја првиот пораз во годинешното првенство. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме во кое гостите славеа 3:1 (3:1).

Екипата на „Вардар“ поведе, но девојчињата на тренерот Оливер Јовановски само по десет минути игра го израмнија резултатот, гостинките во периодот од 33’до 37’ постигнаа уште два погодока и од Кочани заминаа со три бода. Стрелци на головите на овој интересен натпревар беа Андреа Донева 28’ (Кочани), а Теодора Јанковска 18’33’ и Данче Карпузовска 37’ (Вардар).

Резултати од 5-тото коло:

„Кочани“ – „Вардар“  1:3

„Атлетико“ – „Борец“  15:0

„Плачковица“ – „Билјанини извори“  7:2

„Порече“ – „Победа Валандово 16“  1:2

Во следното коло „Кочани“ го пречекува лидерот „Атлетико“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ