Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ со две победи го започнаа пролетниот дел од првенството во Трета Кошаркарска Лига – група 1“.
Во првото пролетно коло како домаќини ја совладаа екипата на „Ролинг“ со убедливи 111:59 (26:20; 34:10; 26:14; 25:15). Самиот резултат по четвртини јасно дава до знаење дека кочанчани во сите четири четвртини беа далеку поспремни од своите противници и на крајот заслужено дојдоа до победата. Кошевите ги постигнаа: Лазарев 17, Ѕ’мбов 13, Христов 13, Илиев 12, Коцев 11, Ивановски 8, Манев 8, Ефремов 7, Златков 6, Манасиев 6, Богданов 6, Петрушевски 4.
Во второто пролетно коло „Баскет Дино Деликатес“ гостуваше во Свети Николе каде беше поуспешен од домаќинот „Овче Поле“ и заслужено победи со 62:43 (17:10, 17:16, 15:10, 13:07). Домаќините инспирирани од резултатите на „Баскет Дино Деликатес“ одиграа добар натпревар но кочанчани беа тие кои извојуваа победа која со сигурна игра ја остварија добивајќи ги сите четири четвртини. Кошевите за кочанчани ги постигнаа: Лазарев 17, Ивановски 12, Илиев 11, Ѕ’мбов 8, Коцев 4, Златков 3, Христов 3, Петрушевски 2, Ефремов 2.
Во следното коло кое е воедно и дерби на колото и по кое многу нешта ќе бидат познати „Баскет Дино Деликатес“ ќе и гостува на екипата „Феникс“ во Скопје.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ