КАРАТИСТОТ ФИЛИП СТОЈАНОВ ЗАМИНА ПО МЕДАЛ

Во Спорт
јуни 15, 2022
1 минути

Членот на карате Клубот „Партизан“ од Кочани Филип Стојанов со останатите карате репрезентативци на Македонија замина на Европското Првенство за „Кадети, јуниори и У-21“ кое од 17 до 18 Јуни ќе се одржи во главниот град на Република чешка, Прага.

Стојанов кој со макотрпни тренинзи и одлични настапи на татамито го заслужи овој повик на селекторот и полн со верба во себе замина по медал. Кој со една поволна жрепка нема да не биде достижен.

Филип Стојанов ќе настапи во категоријата „борби кадети“ до 63 килограми.

Еден од тренерите на Карате Клуб „Партизан“ Оливер Коцев во придружба на родителите на Стојанов го испратија нашиот шампион.

Му посакуваме добри настапи на Европското Првенство и со медал на градите да го пречекаме како што доликува.

С. Ивановски