ПОБЕДА ЗА ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“

Во Спорт
ноември 21, 2021
1 минути

Пингпонгарите на  Кочани иако ослабени сепак во денешното 6-то коло во Прва Пингпонгарска Лига забележаа победа.

Иако без Сашо Тодосиев и Благој Бажо Димов „Кочани“ ја совлада екипата на „Борец“ од Велес со 4:2.

Во месец Декември се играат преостанатите две кола по што завршува првиот дел од годинешниот шампионат.

С. Ивановски