Економија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ КРУШКА – АЈДАР
Се известуваат граѓаните дека од утре започнува асфалтирањето на дел од локалниот пат Крушка – Ајдар. Станува збор за новоизградениот дел на патот во должина од 700 метри, од кои во текот на утрешниот ден ќе бидат асфалтирани 200 метри. Асфалтирањето ќе се одвива во периодот од 12 до 17 часот. Општина Кочани

ИНФОРМАЦИЈА ОД ОРАНЖЕРИИ – ДОБРА ДОО
Почитувани, По објавената информација од Канал 8 за предлогот за нова цена на геотермална вода од 75,61 м3 ние како правен субјект не сме во можност за користење на истата. Не постои никаква економска оправданост за користење на геотермалната вода како енергенс. Со почит, Оранжерии – Добра ДОО

СООПШТЕНИЕ ОД „АГРОТРЕФ“ – КОЧАНИ
Почитувани, По објавената информација од Канал 8 за предлогот за нова цена на геотермалната вода од 75,61ден. м/3 ние како правен субјект не сме во можност за користење на истата. Не постои никаква економска оправданост за користење на геотермалната вода како енергенс. Со почит ДОО „АГРОТРЕФ“ – Кочани

ПРОМЕНЕТИ ПРОЗОРЦИТЕ ВО ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ – ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ ВО С. ПРИБАЧЕВО
Деновиве се работи на промена на прозорците во Подрачното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во село Прибачево. Со заменувањето на прозорците се овозможуваат подобри услови за настава, како и придонесување кон енергетската ефикасност на објектот во текот на претстојната зима. Општина Кочани

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ЈОРДАН ЗАФИРОВ“
Денеска започна асфалтирањето на улицата „Јордан Зафиров“ во должина од 300 метри и ширина од 5 метри. Претходно при изградбата на улицата беа извршени подготовките пред асфалтирање, како што се нивелирање шахти, поставување на улични ивичњаци итн. Во склоп на изградбата на завршетокот на улицата изграден е и паркинг простор наменет за повеќе возила. Работите…

УЛИЦАТА „ПОП АРСОВ БЛАЖЕ“ СО ПРОБЛЕМ КОЈ НИКОЈ НЕ САКА ДА ГО РЕШИ
Жителите од улицата „Поп Арсов Блаже“ во населбата „Трајаново трло“ како што истакнуваат веќе подолг период се соочуваат со проблем кој настанал при асфалтирањето на новата улица. Имено изведувачот при асфалтирањето ја затрупал шахтата и сега низ улицата течат фекалии кои не само што создаваат непријатна миризба туку се штетни и по здравјето на луѓето….

УЛИЦАТА „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“ УШТЕ ЈА ЧЕКА САНАЦИЈАТА
И по близу година дена улицата „Вита Поп Јорданова“ уште чека санација. На 25.07 о.г. објавивме писмо од жителите на улицата во кое тие тогаш го објаснија проблемот. Улицата за да биде сменета водоводна цевка била ископана а по замената на цевката не била целосно санирана. По нашата објава со реакцијата на жителите, како што…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОСТОЕЧКАТА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „ШУКРИ ШАИН“
На улицата „Шукри Шаин“ деновиве Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изврши реконструкција на старата водоводна линија. Со рекострукцијата на водоводната линија се овозможи надминување на проблемите со водоснабдувањето, како и отстранување на нелегалните приклучувања на линијата. Општина Кочани

ЗАПОЧНА РАБОТИТЕ НА УЛИЦАТА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“
Деновиве започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес“ во населба Драчевик, во должина од 186 метри и ширина од 6 метри. Во склоп на градежните активности ќе биде извршен машински ископ на земја, тампонски слој од дробен камен и асфалтирање. На десната страна од улицата ќе биде изработен и тротоар од бекатон плочки. Изградбата на улицата…

ПРОТЕСТ ПОРАДИ ТРИ МЕСЕЦИ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВОДОСТОПАНСКАТА ПОДРУЖНИЦА „БРЕГАЛНИЦА“
Трите не земани плати беа причината утрово пред зградата на Водостопанство „Брегалница“ во Кочани спонтано да излезат вработените и да го искажат својот револт. „Главната причина е што досега не ни се исплатени две плати, а веќе од утре влегуваме во третиот месец како немаме земено плата. Ние сме Акционерско друштво на ниво на Македонија…