ПОСТАПКА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЖЕНСКИ СОВЕТ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

март 30, 2023
1 минути

По иницијатива на Националната платформа за женско претприемништво, денеска во Општина Кочани се одржа иницијативен состанок за формирање Совет за женско претприемништво за микрорегионот Кочани, Виница и Зрновци. На состанокот присуствуваа претставнички на бизнис-секторот, единиците на локалната самоуправа, граѓански организации и на младите.

Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов  беше истакната целта на Советот за женско претприемништво – да креира програми и да создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи и да креира стимулативни програми за започнување нови бизниси за жените и нивно вмрежување и промоција на пазари.

Советот за женско претприемништво за општините Кочани, Виница и Зрновци ќе брои 11 члена, а ќе се конституира по усвојувањето на одлуките од советите на општините.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ