Економија
ДЕЛНИЦАТА КРУПИШТЕ – КОЧАНИ КАКО ДЕЛ ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ, ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА
По седум години градежни активности денес и официјално беше пуштена во употреба делницата од Експресниот пат Крупиште – Кочани. Делницата во употреба ја пушти Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски а на церемонијата освен поканетите гости присуствуваа и Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски и Ејуп Рустеми – Директор на…
УРЕДУВАЊЕ НА ТРОТОАРСКИ ПОВРШИНИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ГРАДОТ
Во тек се нови градежни активности во Кочани, уредување на тротоарски површини со бехатон плочки со вкупна површина од 1 400 метри квадратни. Изминатиов период се работеше на уредување на тротоарите на дел од улиците „Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, а во моментот се работи на уредување на тротоарските површини на дел од улиците „Иван Иванов-Балашо“…
БУТИКОТ „UNIK KIDS BABY“ НА НОВА ЛОКАЦИЈА
Девовиве Бутик „ UNIK KIDS BABY “ е на нова локација во градот, односно на местото на некогашниот „Атекс“, веднаш до Бутикот за деца „Уни Кидс“. Располага со сите видови облека за Вашите мали дечиња, односно бебиња. Локацијата е позната и доста пристапна за купувачите. Бутикот е на улицата „Кеј на Револуцијата“ број 23 во…
ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-КОЧАНИ НАСКОРО ВО УПОТРЕБА
Премиерот Ковачевски, по извршениот увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани, истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација. Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани,…
ЌЕ ДОБИЕ ЛИ ОПШТИНА КОЧАНИ СО ПОДДРШКА НА УСАИД ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ?
Општина Кочани со поддршка на УСАИД ќе добие физибилити студија за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба и стопанисување со фотонапонски електроцентрали. Студијата ќе ја работи експертски тим во рамки на два проекти финансираани од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Станува збор за регионалниот проект Поврзани за развој (Connect for Growth – C4G) и…
РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО МОЈАНЦИ
Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како…
НАЦИОНАЛНАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ЖЕНА ПРЕТПРИЕМАЧ НА МИКРО КОМПАНИИ ЈА ДОБИ ДАНИЕЛА ЈОСЕВСКИ ОД КОЧАНИ
Во организација на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска во Скопје започна Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво. На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките…
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ
Општина Кочани изврши градежни активности и хортикултурно уредување на повеќе локации во градот. На потегот на кејот на Кочанска Река кон месноста Бавчалук, Општина Кочани го расчисти и уреди тротоарскиот простор и кејот на реката од нараснатата вегетација. Покрај шеталиштето беа изработени мурали и графити. Истовремено се работи на изградба на високи потпорни ѕидови. Изградени…
ЦЕНИТЕ ЗА УСЛУГИ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ ЌЕ СЕ УСОГЛАСУВААТ СОГЛАСНО ПРОЦЕНТОТ НА ИНФЛАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА
Сметководителите со соопштение дека цените за услугите ќе се усогласуваат во согласност со процентот на инфлацијата во земјата. Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата. Инфлацијата продолжила да расте во земјава и во текот на октомври 2022 година…
МОМЕНТНО СЕ ЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО И ПАТЕКАТА ЗА РЕКРЕАЦИЈА КОН „БАВЧАЛУК“
Во моментот екипи од КЈП „Водовод“ го чистат речното корито и и новата патека за рекреација кон „Бавчалук“. Изминатите денови голем број граѓани реагираа на неодржувањето на овој потек бидејќи и патеката и реката беа обраснати со висока трева, а кога ќе се додадат и искршените канти за ѓубре сликата беше повеќе од грда. Ова…
