Локална
„BALLET MAGNIFICAT“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
По одржаниот хуманитарен балетски концерт на американската трупа „Ballet Magnificat“, во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, посветен на настраданите од трагичниот пожар на 16 март 2025 година, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за младите уметници од Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети впечатоци од балетската претстава, прва во кочанскиот Центар за култура. Градоначалникот Грозданов…
КОЧАНИ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОЕКТОТ „ВЕШТИНИ“ – КЛУЧОТ НА ЗЕЛЕНАТА ЕКОНОМИЈА
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, денеска потпишаа меморандум за соработка за проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, што го поддржува Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија. Во фокусот на проектот се обуки за развој на вештините кај младите за економско…
ПРЕДЛОГ ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ – УВИД И КОМЕНТАРИ ОД ЈАВНОСТА
Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани е во завршна фаза, по внесените промени од одржаната јавна консултација, се наоѓа на увид на јавноста. Предлог-планот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани, а коментарите можат да внесат на овој линк: \https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfEKChMdu85tz4yQgVZcyyq8c7H6TW5G2ByEvkgWHIZaFIVQ/viewform?usp=header КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
БЕЗ КОМПЛЕТНО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НЕ МУ СЕ ВРАЌА УБАВИНАТА НА КОЧАНИ
Кога раководни структури од Кочани беа на чело на КЈП „Водовод“, со сите нивни недостатоци и способности барем си го сакаа градот и израснати во него сакаа убаво да изгледа. Улиците редовно се чистеа, цвеќе посадено по жардинјерите, речното корито уредено, дефектите навреме отстранувани, сметот редовно и тоа по неколкупати се собираше, депонијата ја користеа…
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ
Почитувани сограѓани, православни христијани, Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Општина Кочани, да ви го честитам најголемиот христијански празник – Воскресението Христово – Велигден! Велигден е празникот кој ни ја носи најсилната порака на надежта: дека светлината секогаш го победува мракот, а животот ја победува смртта. Овие…
ЈА КРИЕ ЛИ НЕКОЈ ЛИСТАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ИМИЊА НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО КОЧАНИ?
Пред повеќе од четири години (25.02.2022 година) Советот на Општина Кочани утврди Листа за определување имиња на улици, пклоштади, мостовии на други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Кочани. За имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани се определуваат: Улици Коце Ефремов Борис Стојчев Симеон Иванов Канго Љупчо…
АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО КОЧАНИ
Општина Кочани реализира активности за обновување на јавното осветлување, при што се врши замена на оштетените светилки и на инсталацијата. Активностите веќе се завршени на четирите моста во централното градско подрачје, на потегот од Двојниот мост до Градскиот плоштад, со што значително се подобрува видливоста и безбедноста во овој фреквентен дел од градот. По две…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ
Со цел да се промовираат францускиот јазик и култура во образовниот систем, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов прими претставници од Францускиот институт во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за воведување на францускиот јазик како слободен изборен предмет во петтите одделенија во основните училишта. На средбата присуствуваше директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер,…
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „ЛИДЕРИ“ ЗА ЕДУКАЦИЈА, АКТИВИЗАМ И РАЗВОЈ
Градоначалникот Владко Грозданов и извршниот директор на здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Иван Јованов, потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за соработка „Воведување на UPSHIFT во образовниот систем!“, кој ЛЕАД го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ и со Бирото за развој на образованието. Проектот има за цел да ја…
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ: ЧЕСТИТ РАМАЗАН БАЈРАМ
Во мое лично име и во име на Општина Кочани, ви упатувам искрени честитки по повод Рамазан бајрам. Овој светол празник нека ви донесе мир, радост и благосостојба во вашите домови. Вредностите на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит нека го обликуваат нашиот заеднички живот, а вашите семејства и заедници да бидат исполнети со среќа и…
