Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на учесниците во турнирот до 24 јуни 2026 година.
Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка, ОФС – Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.
Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.
Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат од Столе Тошев, на телефонскиот број 078 294 073.
Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60 000 денари, втората од 30 000 и третата во износ од 15 000 денари.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
