Локална
ЈАВНА ТРИБИНА: ДЕБАТА ЗА ЛОКАЦИЈАТА НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО „ПАТЕКА НА БЕСКОНЕЧНОСТА“
По заклучок на Советот на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани организираше јавна трибина по иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на местото познато како Стар парк во Кочани, на триаголникот помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“. Во присуство на заинтересирани граѓани, во салата…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ ПРИСУСТВУВАШЕ НА СВЕЧЕНАТА ПРАЗНИЧНА ЛИТУРГИЈА
Традиционално, на вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ, во црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржа свечена празнична литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион. Меѓу големиот број верници, на богослужбата беше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. По завршувањето на литургијата, градоначалникот им го честита големиот христијански празник Божиќ…
МИСЛЕЊАТА ЗА ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“ – ПРЕКУ ДИГИТАЛНА АЛАТКА
Општина Кочани ги известува граѓаните коишто сакаат да се произнесат по иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, за поставување спомен-обележје на загинатите во „Пулс“, тоа да го сторат преку дигиталната алатка за комуникација мЗаедница, каде што е активна анкета на оваа тема. Потребно е на овој линк http://www.mzaednica.mk/ да се регистрирате,…
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА АНГАЖИРАНИТЕ ЛИЦА ЗА ВРШЕЊЕ ЈАВНИ РАБОТИ
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов подари новогодишни пакетчиња на 39 работно ангажирани лица преку АВРСМ – Центар за вработување – Кочани и Општина Кочани. Лицата вршат јавни работи, односно учествуваат во чистење и одржување на јавни површини – улици, паркови и сл., за потребите на Општина Кочани. Сите се невработени, а поголем дел од…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВ
Градоначалникот Владко Грозданов, оствари работна средба со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во насока на надминување на последиците од големата трагедија што го погоди Кочани. Во фокусот на разговорите беа мерките и активностите за институционална поддршка на семејствата на настраданите, како и координираниот пристап…
АНАЛИЗА НА НОВИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ, ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ
Градоначалникот Владко Грозданов организираше работен состанок со претставници на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ТППЕ- Кочани, автошколи, транспортни и такси-компании, на кој беше анализирана моменталната состојба на сообраќајот во центарот на Кочани, по измената на сообраќајниот режим. Сите претставници дадоа свои видувања, размислувања и предлози со кои може да се подобри протокот…
ГРОЗДАНОВ НАЈАВИ ПОДДРШКА ЗА ДОБРОВОЛНАТА ПЛАНИНСКА СПАСУВАЧКА СЛУЖБА „ОСОГОВО“ ВО 2026 ГОДИНА
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари средба со претставници на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“, на која се разговараше за актуелната состојба, ангажманите на доброволците, реализираните активности, како и за предизвиците со коишто се соочува оваа служба. На средбата беше истакната важноста од обновување и зајакнување на соработката со овој тим за брзи интервенции,…
ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ
На седмата, последна седница на Советот на Општина Кочани за оваа календарска година, градоначалникот Владко Грозданов имаше годишно обраќање пред Советот и пред јавноста, во кое направи осврт кон сработеното во овој краток период од почетокот на мандатот и најави низа проекти на кои им претстои реализација. „Посебно внимание посветивме на јавниот простор и на…
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КОЧАНИ И ПРОБИШТИП НА РАБОТНА СРЕДБА НА ПОНИКВА
Денеска, во Инфо-центарот на Пониква, градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, одржаа работен состанок на кој се разгледуваа прашања од јавен интерес поврзани со искористувањето и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква. Во фокусот на разговорите беа природните ресурси со кои располага Пониква што ја прават особено погодна за развој…
ИНИЦИЈАТИВА: КОЧАНИ – ЦЕНТАР ЗА ОБУКА НА ПОЖАРНИКАРИ
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, одржа работна средба со претставници на Центарот за обука на пожарникари „Пегаз еду“ од Битола. На состанокот присуствуваа и претставници на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и на Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Фокусот на разговорите беше иницијативата дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се…
