Локална

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ ОД В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ
По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, в.д. Градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски упати честитика до граѓаните со исламска вероисповед во која се вели: „Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Дозволете да Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, со желби за многу успех во животот, благосостојба и среќа. Денешниот празник нека биде повод за…

ОПШТИНА КОЧАНИ ЗАПОЧНУВА СОРАБОТКА СО РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ – КОЧАНИ
Со цел да се овозможи поголема ефикасност во реализацијата на заедничките цели, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски потпиша меморандум за соработка со Здружението на граѓани Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби – Скопје, подружница Кочани. Активностите на Ресурсниот центар, на кои заедно со Општина Кочани ќе им биде даден…

КРПЕЊЕ УДАРНИ ДУПКИ И ОШТЕТЕНИ АСФАЛТНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Деновиве градежна механизација работи на крпење на ударните дупки и на оштетените асфалтни површини на улиците во Кочани. Избраниот изведувач „Стоименов“ изврши поправки на оштетениот асфалт на улицата „Бел камен“, а наредниов период ќе се работи на идентификувани локации низ општината. Од Секторот за уредување на градежното земјиште информираат дека за тековната година за крпење…

ОТСТРАНЕТИ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ОБЈЕКТОТ „ДЕТЕЛИНКА“, В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАРА СОГЛАСНОСТ ЗА НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА
Санирани се сите недостатоци на градбата и со потпис од официјалниот надзор, новиот објект „Детелинка“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ е подготвен да почне со работа. В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, со допис ја извести министерката Гордана Димитриеска Кочоска, од која бара средба на која ќе разговараат за добивањето согласности за вработувања…

ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ
Општина Кочани ја распиша 40. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба седум градежни парцели, од кои шест со намена индивидуално домување и една парцела за хотелски комплекс. Две од парцелите за индивидуално домување се наоѓаат на улицата „Пиринска“, а по една на улиците „Крум Вранински“, „Боро Ефремов“,…

КРСТЕВСКИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски ја продолжува соработката со најголемиот донатор на Општина Кочани – Швајцарската Конфедерација. „Голема благодарност до швајцарската амбасадорка Вероник Улман за поканата на денешниот настан во врска со Програмата за поддршка и развој, 2025 – 2028 година. Уште утре започнуваме постапка за добивање нови донаторски средства кои…

СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ПРЕСКЕР НА СРЕДБА СО В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски денеска го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Крстевски изрази голема благодарност за лекувањето во Словенија на повредените лица во неодамнешната трагедија, како и за сета досегашна поддршка на Кочани, истакнувајќи дека Република Словенија е наш репер во многу области на дејствување. Амбасадорот Прескер…

ЕМИЛИЈА ЃОРЃИЕВА ИМЕНУВАНА ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА ЈОУ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ
Емилија Ѓорѓиева, психолог во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ е именувана за в. д. директор на оваа установа. В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски истакна дека му е чест и задоволството што во наредниов период Ѓорѓиева ќе раководи со градинката. Очекува подобрување на организацијата на работењето, меѓучовечките односи, грижата кон најмладите. Крстевски изрази…

ДАЛИ ОПШТИНА КОЧАНИ НАПЛАТУВАЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈПП КОЈА НЕ БИЛА ВО НЕЈЗИНА СОПСТВЕНОСТ?
Вчера (Среда) се одржа 64-тата седница на Советот на Општина Кочани. Советниците требаше да дебатираат по 46 точки од дневниот ред, но со додадените две значи бројот се зголеми. Неколку точки ја побудија заинтересираноста на жителите на Кочани, но некако деветтата точка која гласеше „Заклучок за запирање издавање одобренија без согласност од сопствениците на површини…

СРЕДБА НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КРСТЕВСКИ СО ДИРЕКТОРОТ НА „АМФЕНОЛ“ НАКОВ И ЖИТЕЛИ НА СЕЛО ТРКАЊЕ
Со цел ефикасно и ефективно да се реши проблемот со улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски денеска одржа средба со директорот на „Амфенол технолоџи Македонија“ Сашко Наков и со жителите на Тркање. Образложувајќи ги предлозите за решавање на проблемот, Крстевски изрази благодарност за општествената одговорност на „Амфенол“…