Локална

ПОЗНАТА  ФИРМАТА  КОЈА  ЌЕ  ГИ  ЗАЛОВУВА  КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

ПОЗНАТА ФИРМАТА КОЈА ЌЕ ГИ ЗАЛОВУВА КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

Друштво за услуги Ветеринарна станица Дооел Виница како најповолен понудувач со најниска понудена цена е избран во иднина да ги извршува шинтерските услуги на територијата на Општина Кочани. На тендерот за најповолен понудувач за извршување на шинтерските услуги на територијата на општина Кочани кој беше распишан од страна на КЈП „Кочани“ понуда имаа доставено две…

ДЕБАТА  ВО  МКЦ  –  „ГРАЃАНСКИ  ДИЈАЛОЗИ  ЗА  ОДНОСИТЕ  МЕЃУ  ЗАЕДНИЦИТЕ:  ПРЕДИЗВИЦИ  И  РЕШЕНИЈА“

ДЕБАТА ВО МКЦ – „ГРАЃАНСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ: ПРЕДИЗВИЦИ И РЕШЕНИЈА“

В четврток, 5 октомври, со почеток во 11:30 ч., во салата на катот во Мултикултурниот центар во Кочани, ЦИВИЛ – Центар за слобода, со поддршка од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, организира јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“. Општина Кочани ги поканува заинтересираните да се вклучат во дебатата, по…

ЈАВНА  РАСПРАВА  ЗА  ПРИБИРАЊЕ  ПРЕДЛОЗИ  ЗА  БУЏЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЗА  2024  ГОДИНА

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРИБИРАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2024 ГОДИНА

На 16 октомври 2023 година (понеделник), во салата на Мултикултурниот центар, со почеток од 18 ч., Општина Кочани ќе реализира јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за  креирање на Буџетот за 2024 година. На консултативната средба, граѓаните ќе имаат можност да предложат проекти од развојните програми: за градежно земјиште, за водоводна, атмосферска и фекална…

ЈАВЕН  ПОВИК  ДО  ГРАЃАНИТЕ  ЗА  УЧЕСТВО  ВО  КРЕИРАЊЕ  НА  БУЏЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЗА  2024  ГОДИНА

ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2024 ГОДИНА

Општина Кочани го започнува процесот на креирањето на Буџетот за 2024 година. Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности. Предлозите…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЉУПЧО  ПАПАЗОВ  ОСТВАРИ  СРЕДБА  СО  ПРЕТСТАВНИЦИ  НА  УСАИД

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УСАИД

Во рамките на „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Северна Македонија“, во Општина Кочани се одржа работна средба со претставници од проектната единица. На средбата се разговараше за напредокот на општинските капацитети во делот на  поефикасно извршување на локалните надлежности, по спроведени низа обуки. Општина Кочани е партнер-општина на…

РЕАЛИЗИРАНА  ЈАВНА  РАСПРАВА  ЗА  ПРОЕКТОТ  „ПОДОБРУВАЊЕ  НА  ВОДНАТА  ИНФРАСТРУКТУРА  НА  ОПШТИНИТЕ“

РЕАЛИЗИРАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОДНАТА ИНФРАСТРУКТУРА НА ОПШТИНИТЕ“

Денеска, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Министерството за животна средина одржа јавна расправа со општините од Североисточниот и Источниот плански регион, вклучени во проектот Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија. На расправата  координаторот на Проектна единица за имплементација Владимир Ставриќ, го презентираше планот за динамика на проектните активности, а беше…

СОВЕТОТ  НА  ОПШТИНА  КОЧАНИ  ЈА  ОДРЖА  34.  СЕДНИЦА

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 34. СЕДНИЦА

На 12 септември Советот на Општина Кочани ја одржа 34. редовна седница, на која донесе одлука за доделување финансиска помош од 100.000 денари на Доброволното противпожарно друштво – Кочани за реализација на програмски активности на ДПД. Со цел да одговори на организациските потреби, со 17 гласа ги усвои измените и дополнувањата во Правилникот за начинот…

ПОВТОРЕН  ОГЛАС  ЗА  ОРГАНИЗИРАЊЕ  ХЕПЕНИНГ  „ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ  2023“

ПОВТОРЕН ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ХЕПЕНИНГ „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2023“

Општина Кочани распиша повторен оглас за организирање на хепенингот „Денови на кочанскиот ориз 2023“, што ќе се одржи од 27 септември до 5 октомври на целата парцела на Градскиот парк во Кочани. По пат на јавно наддавање ќе биде избран правен субјект што ќе треба да обезбеди најмалку пет монтажни објекти и штандови изработени од…

НА  СВЕЧЕНАТА  СЕДНИЦА  ПО  ПОВОД  ОСЛОБОДУВАЊЕТО  НА  КОЧАНИ  ДОДЕЛЕНИ  НАЈВИСОКИТЕ  ОПШТИНСКИ  НАГРАДИ

НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА ПО ПОВОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ ДОДЕЛЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ОПШТИНСКИ НАГРАДИ

Денеска, 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Кочани во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани. На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов имаше свое обраќање во кое беа истакнати постигнувањата во изминатиот период помеѓу двата празника, а беа доделени и највисоките општински награди за животно дело и наградата за значајни…

СО  ПОЛОЖУВАЊЕ  ЦВЕЌЕ  ЗАПОЧНА  ЧЕСТВУВАЊЕТО  ЗА  ОСЛОБОДУВАЊЕТО  НА  КОЧАНИ  И  ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО  НА  МАКЕДОНИЈА

СО ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ И ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов…