Политика
КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД ЛЕВИЦА БИЛЈАНА ВАНКОВСКА ВО ВТОРНИК НА СРЕДБА СО КОЧАНЧАНИ
Почитувани сограѓани, драги поддржувачи, би сакале да ве известиме дека кандидатот на Левица за Претседател на Република Македонија проф Билјана Ванковска заедно со носителот на 3 ИЕ Борислав Крмов во вторник со почеток од 16ч ќе присуствуваат во градскиот парк во Кочани. На оваа наша заедничка средба ќе имате можност да ги слушнете заложбите од…
МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОТСЕКОТ ЗА УПРАВНИ РАБОТИ И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО КОЧАНИ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (11.04.2024) беше во работна посета на Отсекот за управни работи Кочани и Одделението за внатрешни работи Кочани. Контатирано беше дека Отсекот за управни работи Кочани функционира одлично и процесот на издавање на лични документи е нормализиран, односно граѓаните добиваат термини во рок од еден ден. „Што се однесува…
ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЃОКО ВЕЛКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска беше во посета на Кочани каде оствари средба со пензионерите од општината. При посетата, министерот Велковски ја истакна потребата од зголемување на капацитетите на детските градинки насекаде во државата како и кадровската екипираност на установите. „Насекаде во државата кадешто одиме, утврдивме дека потребни се нови…
НА МИТИНГ ВО КОЧАНИ ПРЕТСТАВЕН КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА
Вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани под мотото „Македонија повторно горда“ се одржа митинг на кој беше претставен претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова. Пред присутните граѓани на Кочани најпрвин свое обраќање имаше членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки. Потоа се обрати претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ,…
УМС ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ ЈА ОДРЖА НАЈАВЕНАТА „ТРИБИНА ЗА МЛАДИ“
Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ – Кочани денес во „Паркот на Револуцијата“ ја одржа најавената „Трибина за млади“ на која зедоа учество мартин Андоновски – генерален секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ како и пратениците Рашела Мизрахи, Миле Лефков и Драган Ковачки. На трибината беа претставени проекти кои ќе овозможат подобри услови за…
ДРАГАН КОВАЧКИ, ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО ДПМНЕ СО ПОРАКА ДО КОЧАНЧАНИ
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ денес во Кочани одржа прес конференција. Како што истакна во Општина Кочани новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ планира да инвестира четири милиони евра, средства со кои ќе се збогати инфраструктурата во општината со изградба на нови градинки, улици а како што нагласи и ќе биде реконструирана…
ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, ПОВИК НА ЗАЕДНИЧКА ТРИБИНА
Почитувани сограѓани, Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија. Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде… Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и…
ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ: ВО НЕДЕЛА ТРИБИНА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА
Во Недела, 7 Април со почеток во 20:00 часот во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова ќе одржи Трибина под мотото: „Македонија повторно горда!“ КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
СО ЖДРЕБУВАЊЕ – ОПРЕДЕЛЕН РАСПОРЕДОТ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ
Денеска во Општина Кочани се одржа ждребување за определување на редоследот за истакнување изборни плакати за претстојните претседателски и парламентарни избори, без надоместок. Од пријавените четири организатори на изборната кампања, учествуваа тројца. Раководителот на Одделението за правни и општи работи во Општина Кочани, Венцо Бојков ја образложи Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување…
ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕДОСЛЕДОТ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ
Општина Кочани ги известува организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати од Државната изборна комисија, за избор на претседател на Република Северна Македонија и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија дека согласно Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување на места за истакнување изборни плакати и утврдување…