Спорт
ТРОЈЦА БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ УЧЕСТВУВАА НА ТУРНИР ВО СОЛУН ВО ГРЧКО-РИМСКИ СТИЛ
Тројца борачи на БК „Спартак“ – Кочани зедоа учество на Меѓународниот турнир во борење грчко-римски стил „Panagiotis Poikilidis – Iordanis Karageorgiou“ што се одржа денес во Солун (Еепублика Грција). Во конкуренција на 180 борачи од Македонија, Грција, Бугарија, Србија и Романија борачите на „Спартак“ освоија едно трето место. Бронзениот медал го освои Филип Ангелов во…
„БЕСА“ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“, „ПРЕСПА“ И „ГОЛЕМО КОЊАРИ“ СЕ ВТОРОЛИГАШИ
По денешниот бараж натпревар за влез во Прва Фудбалска Лига во кој екипата на „Беса“ беше совладана од „Башкими“ 0:2, на својата ФБ страна клубот „Беса“ излезе со официјално соопштение со кое најави повлекување од Втората Фудбалска Лига што значи дека во Вторник нема да има извлекување од „шеширот“ туку екипите на “Осогово“, „Преспа“ и…
„ФУДБАЛ СТАРС“ ГЕНЕРАЦИЈА 2010 ШАМПИОНИ ВО ЈУГОИСТОЧНАТА РЕГИОНАЛНА ЛИГА
Фудбалската екипа на „Фудбал Старс“ од Кочани, генерација 2010 се новите шампиони во Југоисточната регионална лига. Иако до крајот на првенството треба да се одигра уште едно коло, „Фудбал Старс“ има 8 бодови предност и натпревар повеќе од пред моментно второпласираната екипа на „Рудар 1947“ од Пробиштип. Со 17 победи и само 3 порази и…
ПРОДОЛЖУВА ЖЕТВАТА НА МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“
Во саботата Охрид беше домаќин на традиционалниот карате турнир „Охрид Опен 2025“. Каратистите од Карате Клуб „Кочани“ од Кочани на турнирот учествуваа со 10 натпреварувачи кои освоија 15 медали од кои: 4 златни, 6 сребрени и 5 бронзени. Златните медали ги освоија:: – Алексеј Ристов U10 до 30 килограми, – Лана Ристова U10 +32 килогами,…
„ОСОГОВО“ ПОРАЗЕНО ВО БАРАЖ НАТПРЕВАРОТ, ОПСТАНОКОТ ЌЕ ГО БАРА ВО „ШЕШИРОТ“ НА СРЕЌАТА
Денес се одиграа трите бараж натпревари за влез во Втора Фудбалска Лига. По одиграните натпревари нови второлигаши се „Слога 1934“ (Виница) „Тетекс“ (Тетово) и „Шкендија“ (Арачиново’ а преостанатите двајца патника ќе се бараат по извлекувањето на имињата што се во „шеширот“. Денс во кавадрци „Осогово“ загуби од „Шкендија“ со резултат 1:2 (0:1). Условно кажано денес…
ЖФК „КОЧАНИ“: ВО НЕДЕЛА РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
Во Недела со почеток во 16.30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа на ЖФК “Кочани “– Кочани, На самиот натпревар освен што ќе се прослави освојувањето на шампионската титула во Втората Македонска Фудбалска Лига за жени, и официјално од активното играње ќе се…
РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ ГИ ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-17
Репрезентативците на Македонија во борење ги започнаа подготовките за Европското Првенство У-17 кое ќе се одржи од 09 до 15 Јуни. Во Скопје. Најпрвин со подготовките започнаа девојчињата. Откако имаа неколку подготвителни натпревари со соодветната репрезентација на Косово како гости, експедицијата се префрли во Охрид каде ќе се подготвуваат се до почетокот на Европското првенство….
„СЕЈМЕНИ“ ПОВИКУВААТ!
Ако не сега, кога? Во овие тешки моменти за Кочани потребно е да покажеме одново единство и масовност. Масовна мобилизација за тотална инвазија во Кавадарци. САБОТА 24.05.2025. Збирно место ГРАДСКИ ПАРК во 12:00 часот Превозот е обезбеден – пријавете се во порака на нашата страна за подобра организација За Томас, за Аце, за Кочани и…
МЕЃУНАРОДЕН ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО ШАХ „ИГРАМЕ ШАХ ЗА КОЧАНИ 2025“
Шаховски турнир во забрзан шах „ИГРАМЕ ШАХ ЗА КОЧАНИ 2025“, организиран од Општина Кочани, Градски Шаховски Клуб „Кочани“ и со поддршка на Шаховската Федерација на Македонија, кој ќе се одржи на 14.06.2025 година, Сабота, со почеток во 10.30 часот во 5* хотел “АМОР”, Кочани Сите приходи од овој турнир се донираат во фондот за загинатите…
МЛАДИТЕ ИГРАЧИ НА „ОСОГОВО“ ЈА ОПРАВДАА ДОВЕРБАТА
Со одигрувањето на натпреварите од 30-тото последно коло во Втора Фудбалска Лига. Кога е натпреварувачкиот дел во прашање и официјално се спушти завесата на годинешното првенство, но кога се чека ФФМ да се произнесе за еден натпревар кој крена премногу прашина во финишот на натпреварувањето може да дојде до некакви поместувања. Сепак откако се уверивме…
