Спорт

НА 01.ЈУЛИ СТАРТУВА ГОДИНЕШНИОТ ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНУР
Во Четврток во 12:00 часот во салата за состаноци на Советот на Општина Кочани (венчална сала) ќе биде извршено жребувањето на групите за годинешниот Петровденски фудбалски турнир. Дознаваме дека осум екипи го имаат пријавено своето учество што значи дека екипите ќе бидат распоредени во две групи. Официјално 22-то издание на Петровденскиот фудбалски турнир запомнува на…

ШЕСТ БОРАЧИ ОД БК „СПАРТАК“ НА ЛЕТНИОТ КАМП ВО ДОЈРАН
Даријан Павлев, Филип Ангелов, Стојана Митева, Славица Митева, Едис Билалов и Јован Илиев се дел од училишниот летен спортски камп за борење кој во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија се организира во Дојран. На кампот со кој раководат Иван Јанев и Гоце Ангелов од БК „Спартак“ – Кочани учествуваат сите ученици кои…

КОЧАНИ ДОМАЌИН НА 48-ТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „МАКЕДОНСКИ БИСЕР“
По тринаесет години пауза, во организација на Федерацијата на боречки спортови на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“,, Кочани годинава повторно ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“. Како што е најавено 48-то издание на „Македонски бисер“ ќе се одржи во Сабота (29.06.2024 година) во Спортската сала на ООУ „Никола…

СЕ ВОЗЕШЕ ПЛАНИНСКАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА „МАНДАНАТА 2024“
Во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани, денес во атарот на селото Речани сместено на падините на „Осоговските планини“ во чест на револуционерот илинденец Стефан Мандалов – Манданата се возеше првата планинарска велосипедска трка „Манданата 2024“. Стотината велосипедисти од неколку монтбајк клубови во Македонија возеа на две патеки, ената во должина…

ВО ПРВАТА СЕДМИЦА ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ „ОСОГОВО“ ЌЕ СТАРТУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ
Како што дознаваме кочанскиот второлигаш „Осогово“ во првата седмица од месец Јули ќе ги започне подготовките за претстојното првенство во втората лига кое што треба да стартува на 10-ти Август. Според челните луѓе на „Осогово“ планирано е да се задржи составот кој настапуваше во пролетниот дел од првенството со најмалку три засилувања во сите линии…

ПЛАНИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА „МАНДАНАТА 2024“
В недела, на 23 јуни, Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани ќе ја реализира првата планинска велосипедска тура „Манданата 2024“. Поаѓањето е од манастирот „Свети Илија“ во селото Бочвенец, во 9:30 ч. Од стартот ќе се вози кон селото Крушка, по сртот на Качаник и Д’лги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела…

ПРОЛОНГИРАН РОКОТ ЗА ПРИЈАВИ НА ЕКИПИ ЗА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“
Општина Кочани, која и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување учество на фудбалските екипи, до 24 јуни 2024 година. Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани (210041087870107), да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети…

ЈОВАНА СТОЈАНОВА КАКО ЧЛЕН НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У-15 НА РАЗВОЕН ТУРНИР ВО ЦРНА ГОРА
Добрите игри и квалитетот на нашата Јована Стојанова беше пресудно да биде дел од У-15 женската фудбалска репрезентација на Македонија, која моментално се наоѓа во Подгорица (Црна Гора) каде учествуваат на развоен турнир заедно со репрезентациите на домакинот Црна Гора , Хрватска и Босна и Херцеговина. Им посакаваме успех на нашата репрезентација на престојните натпревари….

ПРОЕКТОТ „СПОДЕЛУВАЊЕ ЗНАЕЊА ЗА ИГРАТА ШАХ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Денеска ЈОУ Библиотека, ,Искра” го реализираше вториот дел од едукативната програма ,,Споделување знаење за играта шах” во соработка со Шаховскиот клуб ,,Кочани” Кочани, на која учесници беа учениците од IV одд.од ОУ,,Св.Кирил и Методиј ” Кочани, заедно со наставниците ментори Марина Петрова и Сузана Горгиева. Најмладите ги поздрави актуелниот претседател на ШК „Кочани“ Благоја Ситновски…

КПС ” ОСОГОВСКИ ОРЕЛ” ОРГАНИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА „МАНДАНАТА 2024“
Во соработка со Општина Кочани а по повод празнуваньето на празникот Петровден, КПС „Осоговски оењл“ од Кочани организира Велосипедска Тура “МАНДАНАТА 2024”. Пристигнување на учесниците на дестинацијата која е договорена за почеток на турата -манастирот Св. Илија во село Бочвeнец . Регистрирање на учесниците и подигнување на стартните броеви. Почетокот на турата е прeдвиден во…