СО САМО ДВАНАЕСЕТ ИГРАЧИ НА ТРЕНИНГ ТЕШКО ДА СЕ ПОМИНЕ БАРАЖОТ

Во Спорт
мај 22, 2023
1 минути

Иако до почетокот на бараж натпреварите во кои ќе учествува и „Осогово“ како првак во Трета Фудбалска Лига – исток остануваат уште пет дена состојбата во „Осогово“ која е присутна  веќе месец дена останува непроменета.

Ако по обезбедувањето на првото место Шефот на стручниот штаб Ефтим Аксентиев мораше да ги поминува тренинзите со 6 до 8 играчи сега е несфатливо како играчите и понатака не се заинтересирани да ги одработат тренинзите за да спремни го дочекаат еден од бараж натпреварите.

Минатата седмица поради матурските некои играчи не тренираа и може донекаде да бидат сфатени, ама сега кога матурските вечери завршија потребно е да завршат и ноќните седенки до касно навечер, за да утрешниот ден го дочекаат одморени и да машки го одработат тренингот, меѓутоа засега ништо од тоа.

Ако по обезбедувањето на првото место слабите игри особено на страна се оправдуваа со измислени приказни се со цел за да не се наруши  „мирот во куќата“,  сега за отсуството од тренинзите нема ама баш никакво оправдување.

Младите играчи со исклучок на неколкумина наместо да бидат движечката сила на екипата тие оставија постарите и поискусните не само да го носат товарот на натпреварите туку ако се може и за нив да тренираат. Е така не оди. „Осогово“ само во пролетниот дел потроши не мала сума на пари бидејќи во клубот сите земаат по некој денар, некои повеќе, некои помалку, но сите земаат. Епа ако земале а тоа се пари преди се обезбедени од даноците на граѓаните треба истите и да ги оправдаат.

Но, бараж натпреварот се игра во недела. Дали екипата на Ефтим Аксентиев ќе биде физички спремна никој не може да каже, но до неделата да почекаме, а потоа……..

П.С. Приложените фотографии се од денешниот (Понеделник) тренинг.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ