ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ЛИ КОНЕЧНО ТЕНДЕР ЗА НАБАВКА НА МЕРНИ СТАНИЦИ?

октомври 27, 2022
0 минути

Иако Советот на Општина Кочани уште во пролетта 2022 година донесе одлука за набавка на три мерни станици за контролирање на квалитетот на воздухот, иако сето тоа како ставка е влезено со првиот Ребаланс на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, од набавката засега ништо.

Чудно е но и загрижувачки што граѓаните секојдневно се жалат на загадениот воздух кој го вдишуваат, но уште почудно е што при донесена одлука на Советот уште да не е распишан тендер за да се набават тие мерни станици.

Инспектори, доаѓаат, мерат и си заминуваат, секој со својата приказна и со свои мерни показатели но по се изгледа никој не сакаат да ја отвори „пандорината кутија“.

И додека бирократијата си тера по свое, граѓаните продолжуваат да дишат нечист воздух и единствено своето незадоволство да го искажуваат преку социјалните мрежи.

С. Ивановски