ЌЕ СЕ УРЕДУВА ОКОЛИНАТА НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“

август 18, 2022
0 min read

Големината на еден клуб не е само составот, стручниот штаб и управата, големината е и во убаво уредениот терен, чистите трибини и околината околу стадионот.

Со помош на Општина Кочани се започна процес за уредување на околината на стадионот „Никола Мантов„ Северната страна која беше обрасната со висока и густа трева веќе е минато. Во текот на вчерашниот ден реализирана е првата фаза, висината на тревата е сведена на минимум, во втората фаза договорено е да се израмни теренот за да на крајот се посипе со песок и едри камења, сето тоа да се убаво извалира и да се чекаат поубави денови на тоа место да се постави асфалт, бетон или бекатон плочи.

Тој дел ќе се користи гледачите што доаѓаат на натпреварите своите возила да ги остават на сигурно место и никому да не пречат повеќе.

Предвидено е и западниот дел да се уреди, поточно до сегашниот паркинг да се исчисти тревата кон базенот и таму како и на северната страна да се создадат услови за паркирање на возила.

Ова се првите чекори а за понатака ќе претстојат нови разговори со Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и со неговите соработници така да еднаш за секогаш култниот стадион „Никола Мантов“ добие едно убаво опшкружување.

С. Ивановски