КОЧАНЧАНИ ПРЕДВОДНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО ДЕБРЕЦИН

Во Спорт
јануари 13, 2022
1 минути

До почетокот на Европското Првенство во ракомет останува уште малку повеќе од еден час. Нашата Репрезентација која во 18:00 часот го игра натпреварот против Словенија и овој пат нема да биде сама, напротив, ќе биде бодрена од голем број Македонски навивачи.

Предводници на групата се нашите сограѓани, нашите Кочанчани  кои околу триесеттина заминаа во Дебрецин за да бидат со нашите момчиња и со своето навивање допринесат за нови ракометни радости.

Атмосферата пополека се вжештува а како се однесуваат нашите Кочанчани сведочат фотографиите кои ни ги испратија.

Одиме Кочанчани

С. Ивановски