КЈП „ВОДОВОД“ ГО ЧИСТЕШЕ КОРИТОТО НА РЕКАТА ОД „ЖЕЛЕЗНИЧКИ МОСТ“ НАДОЛУ

јуни 7, 2022
0 min read

Жителите од улицата „Лазар Андонов“ искажаа голема благодарност кон КЈП „Водовод“ за експресната реакција и за чистењето на високата трева во коритото на реката од „железнички мост“ па надолу.

По нашата објава дека бараат помош од надлежните да го исчистат коритото на реката за да ги спасат од наездадата на змиите по овие горештини, веќе утредента мобилни екипи со механизација од компанијата КЈП „Водовод“ излегле на терен и почнале да го чистат коритото на реката како и на двата кеја.

Од направените фотографии се гледа дека добар дел е исчистен а како што ни рекоа од „Водовод“ тревата и копривите кои се до самата вода не се во можност со нивната механизација да ги исчистат, но дека ќе бараат соодветно решение и тоа да се отстранат.

Од КЈП „Водовод“ додадоа дека реката е речиси комплетно исчистена и дека останува уште еден мал дела од кај стадионот до влезот во бавчите.

Се надеваме дека зборот ќе го одржат и дека нема да дозволат во иднина толку висока трева и грмушки да има во реката и на кејовите бидејќи и овој дел од населението заслужува еднакви услови како и оние од централното градско подрачје.

С. Ивановски