Во корелација со Општина Кочани, КЈП „Водовод“ со неговата оператива од Секторот градско зеленило интензивно работи на косење трева на повеќе локации во градот според предвидениот план и програма.
Денес се коси трева на просторот во централното градско подрачје.
Вработени од Секторот градско зеленило интензивно работат на уредување на речното корито и тревните површини околу него како и парковите во централното подрачје на потегот од градскиот плоштад до железничкиот мост.
Покрај интензивното косење на тревата, во оваа пролетна акција се
опфатени и активностите на садење сезонски цветен расад од повеќе видови во цветните леи, како и тековните преостанати активности на окопување, плевење,чистење на зеленилото, и кроење и кастрење на вегетацијата.
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ