КЈП „ВОДОВОД“ КАКО ДА ГИ ЗАБОРАВИЛ УЛИЦИТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ И „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

септември 10, 2023
0 минути

Според фотографиите, вработените во КЈП „Водовод“ кои ја одржуваат хигиената на улиците низ градот како да ги имаат заборавено улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“.

Кантите во кои има смет со денови не се собираат па на топлото време се создава непријатна миризба а луѓе се движат по тротоарите. Но за жал не се само кантите за смет, туку и самите улици изгледаат лошо, запуштено.

Дел од жителите со кои контактиравме во текот на вчерашниот ден се пожалија дека ова е вообичаена појава. Како што истакнаа тие навремено си ги регулираат обврските кон КЈП „Водовод“, но од комуналното претпријатие за возврат не добиваат ништо, поточно не се чисти ниту сметот ниту коровот по самите улици. Апелираат до надлежните да почнат да си ги извршуваат обврските за кои од граѓаните се платени.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ