КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ, НОВА УСЛУГА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА СОСТОЈБА НА ВОДОМЕРИТЕ

март 4, 2024
1 min read

КЈП Водовод Кочани ги известува своите корисници дека е овозможена нова  услуга за online пријавување на состојба на водомерите.

Во делот “Состојба на на водомер” на веб страната на КЈП Водовод Кочани  www.vodovodkocani.com.mk или на следниот линк (https://vodovodkocani.com.mk/состојба-на-водомер/) корисниците со
едноставно пополнување на контaкт формата ќе може да ја пријават новата  состојба на нивниот водомер.

Во контакт формата е потребно да се внесе Име и презиме, Шифра на корисник, Место на потрошувачка како и да се прикачи слика од водомерот.

Откако КЈП Водовод Кочани ќе ги прими податоците, истите ќе бидат  внесени во базата со податоци и за корисникот кој ги доставил ќе биде  изготвена фактура со соодветната состјоба на водомер.
Со почит,
КЈП Водовод

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ