Екипите од секторот Комунална хигиена изминатите денови започнаа активностите за миење на подземните контејнери со специјално комунално возило со вап-надградба за миење под притисок, а покрај контејнерите се мијат и џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.
Машинското миење се одвива во раните утрински часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците.
Екипите од секторот Комунална хигиена секојдевно во рамки на планираните активности засилено ќе вршат миење и дезинфекција на садовите за отпад како и на локациите каде се поставени контејнерите со цел да се зголеми нивото на хигиената во градот.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ