СЕДУМ АВТОБУСКИ ПОСТРОЈКИ И АДАПТАЦИЈА НА ЗАНИМАЛНА ВО ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ, ДОНАЦИЈА ОД „АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА“

октомври 20, 2023
1 минути

Со мала свеченост, Детската градинка „Павлина Велјанова“ денеска изрази благодарност за донацијата од компанијата „Амфенол технолоџи Македонија, која намени средства за пренамена на една просторија од игрална во занимална во објектот „Бамби“.

Заблагодарувајќи се за донацијата, директорката на градинката Јованка Ефтимова го истакна значењето на пренаменетата просторија која ќе биде искористена за престој на 15-20 деца.

Во рамките на одбележувањето на 10-годишнината од работењето, својата општествена одговорност компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ ја покажа и со обновување на четири и поставување на три нови автобуски постојки во општина Кочани.

Во знак на благодарност, на постојката на Градскиот плоштад, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му врачи благодарница на директорот на „АТМ“ Сашко Наков, посакувајќи и натамошна успешна соработка.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ