Вработените во KЈП „Водовод“ Кочани од Сектор комунална хигиена во изминатиот период се почесто се соочуваат со проблеми околу пристапот до садовите за отпад поради непрописно паркирани возила, со што се оневозможува редовното празнење на садовите за отпад, а понекогаш поради непрописно паркираните возила отпадот се собира рачно.
KЈП „Водовод“ Кочани не е во можност да изврши подигнување на садовите за комунален смет поради непрописно паркирани возила, а особено на локациите околу централното градско подрачје пред се од подземните контејнери.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на претходно обележаните паркинг места и да не го попречуваат пристапот на специјалните комунални возила до контејнерите за отпад!
KЈП „Водовод“ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ