КОЧАНЧАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА ВО ПС КОЧАНИ

април 10, 2025
0 минути

На 09.04.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Кочани, 47 – годишен жител на Кочани пријавил дека бил измамен од С.Р. од Кочани. Според пријавеното, претходно тој се договорил со С.Р. да го купи неговото возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, му дал пари и го земал возилото, а на 08.04.2025 кога се сретнале во Кочани С.Р. му го побарал возилото да оди до дома да ја земе личната карта за да направат купопродажен договор, по што отишол и не се вратил. Како што е пријавено, по некое време го пронашол С.Р., кој му кажал дека возилото го продал на трето лице и дека ќе му ги врати парите, но до пријавувањето не му ги дал парите. Се преземаат меки за расчистување на случајот.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ