На 25.08.2022 во 17.55 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.М.(22) од Кочани.
Тој бил фатен веднаш по извршување кражба од продажен објект на бул. „Борис Трајковски“ и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ИЗВОР: Дневни билтени од МВР