За најмладите тенисери од школата на Христијан Митревски не важи зборот пеколни горештини. Тие секоја седмица по трипати заминуваат на еден од тениските терени каде ги учат вистинските тениски чекори.
Трпението на тренерот Христијан Митревски е големо, секогаш со убав збор ги учи како да го удираат топчето, како да се поставуваат и движат на теренот за да во еден период им организира и по некоја игра со тениските топчиња.
И дечињата сето тоа со насмевки на лицата го прифаќаат. Задоволство е да се гледаат додека трчаат со рекетот во раце по тенискиот терен а и нивната радост по завршувањето на тренингот.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
