ХИЛДА ПАНОВ – НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ОУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“

јуни 22, 2026
1 минути

Со  решeние за именување од 22 јуни 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Хилда Панов, професорка по македонски јазик и литература, за вршител на должноста директор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.

На предавањето на решението, градоначалникот Грозданов ѝ посака успех во менаџирањето на училиштето.

Панов се заблагодари за довербата за оваа одговорна функција на институцијата во која, како што рече, и самата работи и длабоко ја познава, истакнувајќи дека нејзиниот примарен фокус во наредниов период ќе биде обезбедување континуитет во непречено и квалитетно одвивање на образованиот процес.

Хилда Панов доаѓа на местото на Благој Петров, чиј мандат истече на 17 јуни 2026 година.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ