КОЧАНЧАНИ СО ВЕРБА ВО СЕБЕ МУ ГОСТУВААТ НА „СКОПЈЕ“

Во Спорт
март 6, 2026
1 минути

Утре (Сабота), 14:00 часот, време за одигрување на натпреварите од 19-тото коло во Втора Фудбалска Лига.

Играчите на „Осогово“ по импресивниот старт во пролетниот дел од првенството кога во трите одиграни кола освоија максимален број на бодови, 9 гостуваат на мошне донбрата екипа на „Скопје“ еден од главните претенденти за освојување на место кое води во Првата Фудбалска Лига.

Рака на срце домаќините се фаворити на овој натпревар но кочанчани со верба во себе ќе заминат да се надигруваат, а бодовите нека отидат на контото кај реално подобриот.

Двојки од 19-тото коло:

Скопје – Осогово

Слога 1934 – Тетекс

Детонит Плачковица – Беласица

Големо Коњари – Шкендија (А)

Охрид – Победа

Преспа – Кожуф

Каменица Саса (Вардар (Н)

Новаци – Брегалница

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ